Се испитува смртта на деканот на Економски факултет – пронајден е во автомобилот, во водите на Црна Река

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Информациите се дека се работи за 64-годишниот Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје.

Како што информираат од Обвинителсрво, „веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство.

Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација“.

Воедно, од таму појаснуваат дека „од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација“.

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Александар Тодески

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

Ана Ололовска

Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР

Наум Локоски