Се гради улицата „Илинденска“ во Делчево

Од:

Во тек се градежните работи за изградба на улицата „Илинденска“ во ромското маало во Делчево. Увид во текот на работите денес направи градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, кој истакна дека со изградба на улицата и потпорниот ѕид, ќе се реши долгогодишен проблем на жителите и инфраструктурни ќе се поврзат два реона во Делчево.

– Го слушнавме проблемот на жителите на улицата „Илинденска“ која поради специфичниот дел од градот во кој се наоѓа беше голем проблем за жителите кои овде живеат, поради тоа што самата улица е тесна и непристапна. Со поддршка и со залагање на министерот без ресор Аксел Ахмедовски, конечно, изнајдовме начин да почне изградбата на оваа улица, истакна Трајковски.

Согласно со проектот, предвидена е изградба на улицата во должина од околу 300 метри и ширина од три метри, како и поплочување со бекатон плочи, а поради конфигурацијата на теренот, ќе се гради и потпорен ѕид од 40 метри во должина и четири метри висина. На овој дел е превидено да се постави и ограда во должина од 40 мтери, а ќе се постават и три канделабри.

Средствата во висина од околу 1,7 милиони денари се обезбедени од Владата на РМ за 2018 година за поддршка и имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите.

Деновиве треба да отпочнат и градежните работи за изградба на дел од локален пат Илиово-Турија, делница од село Турија – село Трстија во должина од 400 метри. Паричните средства се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој согласно со Одлуката на Владата на Република Македонија и од Буџетот на Општина Делчево во висина од околу 2 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он