Се формираше Независен академски синдикат – НАкС

Од:

Во новоформираниот Независнен академски синдикат (НАкС) членуваат универзитетски професори и вработени во јавните и приватните високообразовни установи во Македонија. Нивните барања, на првомајскиот марш ги изнесе претседателката Маја Стевановиќ.

Независниот академски синдиката бара:

– Повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, штетни по развојот на високото образование во Република Македонија, и тоа сè до донесувањето нов ЗВО, во транспарентна и инклузивна постапка, а во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање.

– Изземање на академскиот кадар од категоријата јавни службеници или даватели на јавни услуги

– Отпочнување постапка за изработка на колективен договор за високото образование, во кој ќе се гарантираат условите за работа и социјалните права на вработените во високото образование.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска