(ВИДЕО) Се чув со Мартин, рече дека се договориле

Од:

Од СДСМ на прес конференцијата во Гостивар посочија дека Груевски ги изненадил и своите најблиски медиумски одработувачи за Законот за бранители.

Горан Иванов, сопственик на Сител телевизија, не е информиран за играта на ВМРО-ДПМНЕ околу законот.

И главниот и одговорен уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас не знае што се случува иако претпоставува дека станува збор за некаков договор, рекоа од СДСМ и објавија снимка помеѓу како што рекоа главниот уредник и сопственикот на Сител.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: Повели директоре.
ГИ: Што правиш?
ДПЛ: Ништо, на интернет нешто, гледам ова, гледам она.
ГИ: Ааа. А бе јас сега се уклучив па гледам…
ДПЛ: Што?
ГИ: Овие го повлекле Законов, по итна постапка ќе го пуштаат.
ДПЛ: Кој закон?
ГИ: За бранители.
ДПЛ: Е ова ми е ново. Што значи сега тоа по итна постапка у однос на ова?
ГИ: Па тоа значи ограничување на дискусии, по брза постапка да се носи. Да се прескокнат некои…
ДПЛ: Не знам, јас сега се чув со Мартин, не ми кажа ништо за тоа. Сега се чув, пред 10 минути.
ГИ: Значи стварно не ми се јасни, тие, овие, лудачки национални испади.
ДПЛ: Ха, ха.
ГИ: Не, нема логика стварно. Таман го заборавивме, значи јас им забранив да го кај нас третираат, и гледав по сајтови, тие нивните чат-пат ќе спомнат…
ДПЛ: Да, да.
ГИ: …умре тоа више како тема.
ДПЛ: Така е.
ГИ: И —– беше ова што направи глупост со Бранко. Сега пак го враќаме, го актуелизираме, стварно не можам да сватам што е.
ДПЛ: Јас сега се чув со Мартин, дека се договориле со овој, три споменика ќе ставеле на, како се вика…на овој у Чаир. Еден македонски војвода, еден турски, еден албански. Тоа вака ми делуеше дека нешто се договарало, преговарало. Ај да зборнам па ќе ти јавам, пошто ова е ново.
ГИ: А бе што ти е, споменици голем к..р, стотици ги има на другава страна. Кој приметува споменик, дали е шиптарски, така ли?
ДПЛ: Да. Ма и 15 да турат македонски нема на никој ќејф да му направиш. Ништо ново не е тоа. Ај да видам, чекај да го прашам човекот, чекај малце.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски