Се бара 80-годишната Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Од:

Од вчера од утринските часови се трага по 80-годишната Олгица Димитровска со живеалиште во Скопје која за викендот престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата.

-Олгица Димитровска има 80 години и има деменција. Можно е да тргнала од Јелошник кон пониското село Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку има доброволци апелираме за помош во потрагата, полицијата веќе е на терен, информираат од семејството на ќерката на Олгица.

Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по младиот Диме Стојамиров од селото Тремник

Горан Наумовски

Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери

Катерина Ѓуровски

Потрага на хрватската полиција, исчезна девојка во Водице

Пронајдена е 14-годишната Клара