Се асфалтираат улици во Пробиштип

Од:

Во Пробиштип интензивно се асфалтираат улици во должина од 1.700 метри. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски кој изврши увид на градежните работи рече дека се поставува завршниот слој на асфалт на помалите улички, а во Барбаревско маало поради непристапниот терен се поставуваат бехатон плочки.

– Вредноста на овој проект заедно со поплочувањето на неколку улици со бехатон во Бабревско маало ќе чини околу шест милиони денари. Потоа градежните активности ќе продолжат и на асфалтирање на улиците во населбата Калниште во Пробиштип, како и на сите оние улички кои се отпочнати со земјени работи во Злетово, вели Тоневски.

Во текот на градежната сеозна во Пробиштип ќе се реконструира и улицата „Славко Баев“, каде што е завршена канализационата мрежа, а ќе се почне и со градежните активности на улицата „Гоце Делчев“. Тоневски вели дека со овие градежни работи ќе се раелизира и проектот во Пробиштип и приградските населби сите улици да бидат асфалтирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он