Се асфалтираат повеќе улици во Делчево

Од:

Во Делчево почна асфалтирањето на неколу улици. Асфалтирана е улицата од Здравствениот дом до објектот познат како старо собрание, улицата во населбата Ѕвегорска Река, а потоа ќе се работи на улицата „Кирил и Методиј“ во должина од 150 метри.

Градоначалникот Дарко Шехтански информира дека средствата за овие проектни активности се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

– Овие улици се од важно значење за нашите сограѓани. Реконструкцијата на улицата кај Здравствениот дом беше неопходна, бидејќи таа беше во изразито лоша состојба, а воедно е една од најфреквентните улици во градот, во нејзина непосредна близина се наоѓаат канцелариите на поголем дел државни институции како и ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев”. Решаваме децениски проблеми, паралелно решаваме и проблемите со атмосферската канализација,истакна Шехтански.

Во наредните два дена ќе се заврши со реконструкцијата и на дел од ул. „Кирил и Методиј“ во населбата Милково Брдо, каде во меѓувреме се завршени подготвителните активности за асфалтирање во должина од околу 150 метри.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево