А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во Член 1 од Договорот со Грција јасно стои дека државјанството е „македонско“, а јазикот македонски јазик

by А1он16/07/2018 - 17:1681
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.

Токму во конечниот Договор точно, јасно и прецизно се наведени сите поединости и нема простор за дилеми и нејаснотии.

Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.

Следете a1on на Youtube YouTube

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја искриви реалноста и да го игнорира историскиот успех кој што се постигна. Македонија доби датум за почеток на преговори и доби покана за членство во НАТО. Македонија излегува од земја во изолација и станува земја со иднина.

Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија.

Безбедна и сигурна држава, нови инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните се дел од придобивките кои ги има земјата и граѓаните со членството во НАТО и ЕУ.

Историскиот успех го препознаа сите, честитки за постигнатиот успех и напредок го поздравија сите освен ВМРО ДПМНЕ. Истите тие кои единаесет години ја влечеа земјата надолу .

Не е доцна ВМРО-ДПМНЕ да се освести, да се извини и да ја подржи земјата во патот кон ЕУ и НАТО! Патот со кои се трасира подобра иднина за Македонија и подобар живот за македонските граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски03/11/2026 - 11:4303/11/2026 - 12:19

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео