СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција поради деструктивноста и одбраната на насилници и криминалот

Од:

„Аудио снимката со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува морбидни закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, како и на луѓето кои го поддржуваат, предизвика згрозување на јавноста.

Објавувањето на снимката доаѓа само неколку дена по одржувањето на протестите поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, каде се бараше ослободување на осудените за 27 април.

Христијан Мицкоски осудените за Крвавиот четврток ги нарече уставобранители на протестот со истата подбуцнувачка реторика која поттикнува омраза и поделби како оној на 27 април во 2017 година“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски цврсто стојат зад вакви насилници и бараат слобода за овие луѓе, осудени насилници кои се закануваат дека ќе го повторат насилството, кои се закануваат со убиства.

Мицкоски ги нарекува уставобранители лицата кои посегнаа по животите на пратеници, новинари, луѓе од собраниските служби, кои претепаа пратеник кој заврши и во кома.

Насилници никогаш не биле, ниту ќе бидат уставобранители.

ВМРО-ДПМНЕ за сите овие години раководена од Мицкоски се докажа како партија која стои на страната на криминалот, брани насилници, пласира лажни вести и опструира значајни процеси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат токму ваква алтернатива на граѓаните.

Јасна е разликата меѓу СДСМ која посветено работи на демократизација на општеството, на интеграција и економски раст и развој и ВМРО-ДПМНЕ која цврсто стои на браникот на криминалот и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

СДСМ исполнува стратешки цели како членството на НАТО и забрзана интеграција во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја врати државата во меѓународна изолација и внатрешни поделби.

Граѓаните ја препознаваат разликата и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнувани од народот и ќе бидат казнувани и понатаму, затоа што деструктивноста е единственото нешто што го нудат на народот“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел