СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ само шири лажни вести и нема никаква врска со реалноста

Од:

СДСМ реагира на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ. „Брендот“ на ВМРО-ДПМНЕ како партија којашто само шири лажни вести и нема никаква врска со реалноста се зајакна.

ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека прославата низ 15 градови за поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ ќе чини половина милион евра-излажа!

Владата предводена од СДСМ објави детален и целосен извештај за трошоците за прославата „Одиме напред – Македонија во ЕУ и НАТО“ и конечната сума којашто е јавно достапна изнесува 179.500 евра.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е навикната да ги пумпа трошоците и да ги штелува сумите, како што тоа го правеше цели 11 години кога безмислосно ги осиромашуваше граѓаните преку криминални зделки и провизии.

За разлика од расипничкото криминално и нетранспарентно трошење на парите на граѓаните за барок, луксуз и споменици од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и совесно.

Посебна нервоза за опозицијата очигледно внесува фактот што хајката на ВМРО-ДПМНЕ и куририте, која се водеше против граѓаните и против музичарите, не успеа.

Граѓаните од целата земја излегоа слободно, без полнење автобуси, без списоци и заслужено си го прославија успехот на Македонија. Со тоа граѓаните ја поддржаа просперитетна Македонија која се обединува и која оди во НАТО и ЕУ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?