СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кон вработените во администрацијата се однесуваше репресивно и диктаторски

Од:

СДСМ реагира на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бришење на критериуми за вработување на административни службеници и создавање на нови според потребите на партијата, а несоодветни за работната позиција беше обележје на работата на ВМРО-ДПМНЕ во 11-те години на власт.

Комплетна партизација на јавната администрација и нивната работа на повик, со наредби и закани, измами и фалсификати е дел од она коешто може да се слушне деновиве и во судниците кадешто се водат судски случаи против главните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста деновиве од разговорите објавени во предметот Титаник повторно слушна како се вршеле притисоци, како вработени се врбувале да работат за интересите на партијата наместо за граѓаните и како и се злоупотребувале институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се што е вработено во администрација во Гевгелија да излезат и да одат од врата на врата“… На наставникот по физичко да му се забрани да доаѓа на работа до избори. До недела да го нема на работа, треба да оди од врата до врата по гласови.“

Овие реченици на Миле Јанакиевски најдобро го потврдуваат односот на ВМРО-ДПМНЕ кон вработените во администрацијата кон која се однесуваа репресивно и диктаторски.

За среќа, тоа заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ, во опозиција. Сега е време на градење на независни и професионални институции кои работат согласно законите .

Заврши и времето на криење на вработени лица во јавната администрација или поточно кажано превработување. Владата предводена од СДСМ за првпат го објави и вкупниот број на вработени лица во јавната администрација и број на лица вработени преку агенцијата за времени вработувања.

Владата предводена од СДСМ останува на патот на отвореност, транспарентност и одговорност во своето работење и на патот на спроведување на сите неопходни мерки за градење на професионални и независни институции со независна администрација која работи за и во интерес на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат