СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа во одбрана на насилниците од 27 април, затоа ги чека нова казна од граѓаните

Од:

„Во очи годишнината од крвавиот четврток, 27 април 2017 година, најцрниот ден за македонската демократија, кога вооружени насилници упаднаа во Парламентот и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, ВМРО-ДПМНЕ се врати на местото на злосторот и застана во одбрана на насилството и насилниците.

Насилниците, кои дивееја низ храмот на демократијата, пред камери тепаа пратеници, кршеа, уништува, се обидоа да ја погазат волјата на народот и ја доведоа државата на раб на граѓанска војна, не го бранеа Уставот, туку ја бранеа фотелјата на бегалецот од правдата Никола Груевски“, велат од СДСМ.

„Мицкоски кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството.

Единствена цел на Мицкоски е да ги одбрани криминалите во редовите на неговата партија и да ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски.

Мицкоски е остаток од мрачното, режимско минато, кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот нема да го одбрани.

Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.

Деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ се казнети шест пати за четири години и повторно ќе бидат поразени, граѓаните не за криминал и насилство, не се за лицемерие, лаги и блокади, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра