„ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.
Од партијата велат „за една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат. Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи“.
„Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго. Затоа никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт – таа ќе продолжи да паѓа. СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа. Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна. По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување“ е ставот на СДСМ.
