СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари

Од:

„Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната биолошка терапија. Десет дена овие пациенти чии живот е загрозен, се оставени во неизвесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на биолошка терапија нема да случи и во иднина. Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Од партијата велат „Пациентите не само со недостиг на биолошка терапија, се соочуваат со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување. Не е преземено ништо за да се заштитат пациентите, а доказ за ваквата негрижа е недостигот на соодветен план, функционален систем и регистар на пациенти, ненавремената набавка на лекови“.

„Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта. Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос. Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски