СДСМ: Трчавме за домашните мали и средни фирми и порачаме: Важни ни се!

Од:

„Домашните фирми ни се важни! Оваа порака ја испратија денеска претставниците на СДСМ кои учествуваа на Бизнис трка 2016 организирана од „Прв до врв“.

Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика беа меѓу 50-мината учесници во трката во Градскиот парк со цел да ја покажат цврстата определеност на СДСМ кон развој на домашните фирми во Македонија.

СДСМ во Планот за живот во Македонија предвидува поддршка на малите и средни претпријатија со 140 милиони евра!

На настанот што заврши предмалку, претставниците на СДСМ се пласираа во првата четвртина од учесниците“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата