Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола и пратеник, на прес конференција објави разговор за кој рече дека се меѓу Владимир Талески Влатко Чингоски. Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година. Скандалот е поголем со признанието дека вакви изборни манипулации се правеле и во 2009-та година. Целата незаконска постапка оди преку познатиот бизнисмен Силјан Мицевски, попознат како „Битолчанецот“ во дел од веќе објавените разговори, рече Ковачевски.
Разговор помеѓу Владимир Талески и Влатко Чингоски
ВТ: Кај си Влатко?
ВЧ: На работа ти кај си?
ВТ: Еве овде кај споменикот на бранителите денеска има нешто од овие Вејце ваму – таму…
ВЧ: Да ти зеам две три секунди може?
ВТ: Можи, можи, можи, еве настрана сум.
ВЧ: Значи види вака, сега кај мене е Силјан…
ВТ: Добро…
ВЧ: Ми кажа дека имало некоја можност не знам, ти веројатно подобро знаеш пошто си од таму, имало една група на луѓе што живееле на улица Гоце Делчев во Кравари…
ВТ: Добро…
ВЧ: И тие исто така можеле да гласаат на улица Гоце Делчев ама Ѓени маале во Битола.
ВТ: Аха аха аха
ВЧ: Дали знаеш за нешто такво?
ВТ: Не.
ВЧ: Порано го праеле ги праеле тие тоа
ВТ: Е сега ќе проверам. Гоце Делчев…
ВЧ: Преку 20-тина луѓе значи биле, гласачи така што можеле да го средат тоа
ВТ: Аа
ВЧ: Значи една жена таму што ја знае овој као го викаат Силјан…
ВТ: Добро
ВЧ: Таа на последните избори преку 20 однесла, значи појќе од 20 се таму…
ВТ: А чекај тие Влатко тие контра нас гласаат?
ВЧ: Не бе за нас гласаат
ВТ: Е па нека одат и таму и таму шо
ВЧ: Е па за да одат и таму и таму да организирате
ВТ: Добро готово
ВЧ: А може ли женава да се види со Владе да му каже шо и како е, ево ќе ти организират тој, таа жената што го напраила тоа во 2009та, да те видит тебе или некој шо ти ќе го одведиш да објасни како го напраиле тоа па да напраиме за појќе луѓе
ВТ: Добро
ВЧ: Ето така Владе
ВТ: Слушај, Влатко..
ВЧ: Кажи, кажи…
ВТ: Вака значи јас сеа ќе бидам со Антонио, до 11 сато Циле го има мојот број, нека и го дајт бројот на жената
ВЧ: … да те бара
ВТ: Нека ми пушти порака мене жената да се видиме во текот на денот
ВЧ: Добро готово сеа ќе му кажам…
ВТ: Значи тоа би било после 12. Го има Циле број мој, е така.
ВЧ: Важи го има го има сигурно, јас ќе му го дам ако го нема ќе го поздравам…
ВТ: Поздрави го и ќе биде во ред, важи
ВЧ: Ајде
ВТ: Поздрав Влатко поздрав…