СДСМ: „Сваровски судството“ се враќа, ВМРО-ДПМНЕ сака контрола, а не правда!

Од:

„Изборот на Данка Ристова, сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за член на Судскиот совет е потврда за се што СДСМ зборува изминатите месеци. ВМРО-ДПМНЕ не се интересира за правда – тие сакаат судство кое ќе ги амнестира нивните криминалци, а ќе ги прогонува сите што се спротивставуваат на нивниот режим. Јасна е намерата на оваа власт – комплетна партизација и враќање на „Сваровски судството кое ќе биде продолжена рака на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат дека со месеци предупредуваат и „ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија на Мицкоски и неговата партија да ја уништат независноста на судството. Како што беше во времето на Груевски, така и денес, ВМРО-ДПМНЕ сака судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви“.

„Се враќа мракот од минатото, кога правдата беше заглушена, а граѓаните беа сведоци на најгрубото кршење на владеењето на правото. Наместо да обезбедат правда и реформи, ВМРО-ДПМНЕ го враќа судството во своите раце – создавајќи партиска „институција“ која ќе биде обвинител, судија и егзекутор. Граѓаните и СДСМ не смеат и нема да дозволат узурпација на правдата. СДСМ ги повикува сите граѓани, независни експерти, правосудни работници и граѓански организации да застанат цврсто против оваа узурпација. Ова е момент кога сите заедно мора да покажеме дека правдата не смее да биде злоупотребена, дека судството не смее да биде алатка во рацете на ниту една политичка партија“ е ставот на партијата.

Децидни се дека „Македонија мора да оди напред, кон независен, транспарентен и професионален правосуден систем кој ќе им служи на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?