СДСМ објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Ставчо Јакимовски Сашо Мијалков во кој се бара интервенција за Драгиша Милетиќ да однесе документи и да ги прифатат во општинска изборна комисија.
Разговор помеѓу Стевчо Јакимовски и Сашо Мијалков
СМ: Ало?
СЈ: Добро утро…
СМ: Еј? Стефчо, здраво, шо праиш?
СЈ: Едно мое големо извинување, знам дека е рано… Значи имам еден…
СМ: Нема проблем, ние сме више у функција
СЈ: Вака сега, имам еден голем проблем со Драгиша Милетиќ. Што се случува, слушај ме внимателно… Он треба, комплетни документи во Куманово со извадена жиро сметка да однесе до 10 саат во Куманово и Старо Нагоричане во тие општински изборни комисии, меѓутоа…
СМ: Па што не ги донесеш?
СЈ: Е сега што се случува…Во Централен регистар синоќа интервениравме, луѓето одма ни излегоа во пресрет…Меѓутоа им треба уште најмалку пола саат од Комерцијална банка додека им стигне документот по електронски пат, за да може завршниот документ централниот регистар да им го издаде.
СМ: Кај треба да се јавиме?
СЈ: Во Општинските изборни комисии во Куманово и во Старо Нагоричане да му ја прифатат и после 10 саат, значи документите да му ги прифатат, со жиро сметката. Тоа е барањето, значи ќе го заебеме човекот. Овде во Скопје нема, но таму главното упориште му го заебавме.
СМ: Океј, океј… Еве сега се јавувам одма…
СЈ: Фала многу..
СМ: Значи општинските изборни комисии тоа у ДИК треба…
СЈ: Не, не у па може и од ДИК…Од ДИК ако им се јави некој, тоа ќе биде одлично…
СМ: Или директно некој на комисиите да им се јави по партиска линија?
СЈ: Или директно на комисиите или од ДИК да се јави човек, да каже на Драгиша Милетиќ…
СМ: Не, не, не, директно, директно е подобро…
СЈ: Ајде.