(ВИДЕО) СДСМ: И Груевски се срами од спомениците

Од:

Власта го откри споменикот на паднатите херои, со кој се надмина себеси во невкусот и трајно го нагрди овој простор во центарот на главниот град.

Овој невиден кич во паркот „Жена – борец“, чие уметничко значење авторот се обидува, но не успева да си го објасни и на самиот себеси, беше откриен без вообичаената голема медиумска помпа, без сечење на лента и без да присуствува премиерот, или кој било од неговите министри и градоначалници.

Власта, која инаку се појавува пред камерите на секое фрлање лопата на тениско игралиште, а министрите се сликаат на најбанални настани, како набавката на душеци и пижами, овојпат го одмолча откривањето на споменикот. За него, граѓаните дознаа од нарачани прилози и текстови во телевизиите и весниците, преку кои власта се обидува да го оправда трошењето пари за овој позлатен кич.

Груевски од Америка нарача споменикот да се открие пред тој да се врати од “роуд-шоуто“, од што заклучуваме дека и нему му станува јасно дека граѓаните, кои оваа есен се чудат како да преживеат, повеќе не сакаат да гледаат како нивните пари се трошат на бесмислени споменици.

Изгледа дека Груевски почна да се срами да открива споменици и се повеќе се плаши од револтот на народот. Ако ова е причината зошто тој не се одлучи да го открие овој кич позади нас, му порачуваме  дека – да и’ треба да се срами !

Власта на Груевски без око да и трепне фрли 2.3 милиони евра народни пари за овој неверојатен невкус.

Во време на незапаметена економска криза, сиромаштија и мизерија, Владата и покрај секојдневните апели дека со нејзиното луксузирање дополнително ја влошува економската ситуација, не се откажува од трошењето на огромни буџетски средства во непродуктивни цели.

Не е доволно премиерот Груевски само да се срами и да не присуствува на промовирањето на новите  споменици, туку конечно да се вразуми и да го запре барокното лудило, а средствата за таа намена да ги пренасочи во санирање на последиците од економско социјалната криза.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата