СДСМ: Со што фамилијата ја држи Канческа-Милевска за да го брани обидот за перење пари преку Скупи?

Од:

Разобличен е тендерскиот план на Министерството за култура, затоа Канческа-Милевска е во паника. Фамилијата е фатена е во обидот да испере над 8 милиони евра, на штета на културното наследство во Скупи.

Реконструкцијата на објекти кои се лоцирани на археолошки локалитети е во спротивност со Законот за заштита на културното наследство, според кој интервенциите на остатоци на вакви градби се сведени на минимум. Проектите за гледалиштето се изработени во време кога за предметниот археолошки локалитет важеа акти за заштита од 1967 и 1996 година во кои е експлицитно наведено дека се забранува поставување на било какви објекти на тој простор. 

Управата за заштита на културното наследство има издадено конзерваторско одобрение, исто така во периодот кога важеа тие акти за заштита, а тендерот е распишан пред издавање на Конзерваторското одобрение што е прекршување на закон. УЗКН има распишано тендер и за градежен надзор, кој е исто така избран. Меѓутоа, градежниот надзор одбива да почне со работа бидејќи за објектот нема Одобрение за градење.

Одобрение за градење нема и не може да има затоа што за овој простор никогаш не е донесен ДУП а и кога би се донел, за површината на локалитетот не смее да има маркици за градба од проста причина што според Законот за заштита на културното наследство и сите меѓународни конвенции за културно наследство, на археолошки локалитети не смее да се уништуваат автентични остатоци со изградба на нови „квази“ градби. 

Поради ваквите груби прекршување на законите, за да се измисли некаква правна основа, во меѓувреме набрзина е извршена ревалоризација на Античкиот град „Скупи“ во Скопје, согласно Законот за заштита на културното наследство која резултураше со донесување Одлука за прогласување на Споменичката целина „Скупи“ во Скопје за културно наследство од особено значење (“Сл. Весник на РМ“ бр. 176/16), донесена од Владата на РМ. 

Предлогот на Одлуката го изработи Управата за заштита на културното наследство, врз основа на стручни материјали од НУ Конзерваторски центар одобрени од соодветни комисии и тела. Меѓутоа, во текстот што од Управата е доставен до Владата и во самиот текст на Одлуката има самоволно направени измени во споредба со одобрените материјали и тие измени суштински се одразуваат на режимот на заштита на Античкиот град “Скупи“. Сите измени се направени со цел да се создаде вештачка правна основа за изградба на новото гледалиште.

Нема да дозволиме да го уништите Скупи за богатење на фамилијата. Сите кои учествувале во противзаконските дејствија ќе одговараат, регираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните