СДСМ: Со максимална одговорност и доследно почитување на мерките да го заштитиме своето и јавното здравје

Од:

„Новите рестриктивни мерки се со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали огромниот притисок врз здравствениот систем, во екот на третиот, досега најсилен бран на пандемијата со коронавирусот во државата.

Во изминатиот период имаше драматичен скок на бројот на новодијагностицирани случаи и огромен наплив на пациенти во болниците. И покрај тоа, со отворање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација, за секој пациент е обезбеден болнички кревет“, велат од СДСМ.

„Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа се воведени нови засилени мерки кои предвидуваат забрана за движење од 20 до 5 часот наутро наредниот ден, затворање на угостителски објекти, освен за подготовка на храна која може лично да се подигне или да биде доставена, потоа обложувалниците, кои исто така можат да работат само шалтерски, затворени се теретаните, вежбалните, спортските центри, а забрането е да се организираат семинари, обуки, работилници.

Важат и претходно донесените мерки за задолжително носење заштитна маска, марама или шал, редовна дезинфекција, одржување дистанца и забрана за групирање на повеќе од четворица.

Овој многу сериозен период бара максимална одговорност од сите граѓани.

Секој со доследно почитување на мерките придонесува за заштита на своето и на јавното здравје.

Само заедно можеме да се справиме со големиот предизвик што ни го донесе пандемијата со коронавирусот“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел