СДСМ со кандидати за градоначалник во 67 општини

Од:

Опозицискиот Сојуз за иднината во рамки на законски предвидениот рок вчера поднел кандидатури за градоначалници за престојните локални избори за 67 општини и кандидатски листи за советници во Градот Скопје и во 73 општини, соопшти денеска СДСМ.

За Струга и за Кичево, како што соопштуваат, Сојузот за иднината поднел заеднички листи со коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи ја предвид специфичнoста на Струга и Кичево, и во духот на внатрепартиската демократија и почитување на барањата на нашите членови и подржувачи од овие општини, општинските организации на СДСМ одлучија во овие две општини да се поднесат заеднички листи на Сојузот за иднината со коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија