СДСМ: Случајот „Титаник“ потврдува дека анкетите на Институтот на Божиновски се лажни

Од:

„Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот.

Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните.

Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за политички истражувања се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот.

Граѓаните го поразија режимот. ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато.

Македонија оди напред, се гради како нормална, слободна, демократска држава.

Членството во ЕУ и НАТО носат функционирање по европски правила. Затоа, граѓаните на референдумот на 30 септември ќе кажат да за членство во ЕУ и НАТО, да за македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат