Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола и пратеник, на прес конференција објави разговор за кој рече дека се меѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски. Чингоски директно разговара со Силјан Мицевски, сопственик на приватната фирма ГП „Пелистер“. Од позиција директор на ЕЛЕМ, Чингоски имал список на лица вработени во фирмата на Мицевски за кои вели дека не се сигурни за гласање. Чингоски бара Мицевски да ги убеди да гласаат, во спротивно се согласува да бидат избркани од работа.
За битолчани не е изненадување зошто Силјан Мицевски одработува за ВМРО ДПМНЕ. Во последните 4 години, ГП Пелистер, преку ЕЛЕМ и РЕК Битола има добиено тендери и бизниси во вредност од над 110 милиони евра, рече Ковачевски.
Разговор помеѓу Влатко Чингоски и Силјан Мицевски
ВЧ: Слушај вчера бев ваму и ми дадоа некое ливче со имиња, кај тебе шо работат и кои не се сигурни за гласање. Па да…
СМ: Абе кој нема сите ќе ги избркаме кажи кои се тие и готово.
ВЧ: Не не треба да ги избркаш, не треба. Треба да ги убедиш да гласаат, ако не гласаат тогаш ќе ги избркаме
СМ: Абе како не, сите не само тие.
ВЧ: Дообро
СМ: Си имам јас организација напраено таму
ВЧ: Добро значи можда ќе ги викнат твоите луѓе да знаеш
СМ: А обавезно кажи ми ти кои се тие, кажи ми кои се
ВЧ: Има Мирко, вчера беше со мене Мирко, имат списокот да не праам по телефон многу муабет
СМ: Важи, важи.