СДСМ: Шилегов во 2021 го реализира ветувањето што ВМРО-ДПМНЕ им го даваше на скопјани на сите избори во последните 30 години

Од:

„Очајнички и крајно деструктивен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ еден историски чин каков што е почетокот на модернизирањето на јавниот превоз во Скопје, да го нарекува фрлање на пари. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое буквално ги фрлаше парите на граѓаните, СДСМ не фрла туку инвестира во капитални инвестиции од полза на граѓаните.

Градоначалникот Петре Шилегов инвестира во модерен јавен превоз што ВМРО-ДПМНЕ цели 30 години го ветуваше, а никако да го реализира“, соопштува СДСМ.

„Додека СДСМ создава историја инвестирајќи за прв пат во последните 40 години 70 милиони евра за воведување на модерен и брз автобуски превоз преку воведување на БРТ системот во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ пред само 3 години фрли над 700 милони евра во стиропор, камен и бронза на криминалниот проект Скопје 2014.

Со СДСМ и градоначалникот Шилегов Скопје стана прв град на Балканот кој воведува БРТ систем на јавен транспорт кој намалува сообраќаен метеж, го намалува аерозагадувањето, а го подобрува квалитетот на живот на Скопјани.

Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје беше уништен град од дивоградби од споменици на секој чекор, квази-барокни фасади од стиропор, кинески дизел автобуси, закрчен сообраќај и неподносливо големо аерозагадување.

Додека СДСМ воведува модерни европски еко автобуси на гас, ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари на неквалитетни кинески дизел автобуси за кои денес нема резервни делови.

Додека СДСМ воведува супер брз, безбеден и економичен БРТ систем на автобуски превоз, ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари на ултраскапи и неквалитетни фонтани, евтинини кич фасади, и дивоградби од споменици на контроверзни личности од минатото.

Да не ги фрлаше ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните на разни непотрбштини, досега ќе го користевме и ќе го исплатевме БРТ системот за кој сега раговараме“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски