СДСМ: Реакцијата на ТВ Нова е тенденциозна, кандидатите на СДСМ се спремни за дуели

Од:

„Во врска со тенденциозната реакција на ТВ Нова, којашто ја преземаа и други провладини медиуми, СДСМ посочува на објавените невистини.

Во прилог на ова соопштение е одговорот на СДСМ (испратен вчера, 26.11.2016 г) на барањата на ТВ Нова коишто се доставени со различни термини за снимања или настапи во живо.

Поради тоа што еден дел од термините се предвидени за во истиот ден, други за наредниот ден од денот во кој е испратена поканата, СДСМ побара прецизна покана во која точно ќе бидат наведени термините.

Кандидатите на СДСМ се секогаш подготвени за соочување пред јавноста, за разлика од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои бегаат од јавно соочување на други медиуми.

Впрочем, СДСМ со години ги повикува кандидатите и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на јавно соочување, а тие постојано одбиваат, затоа што се плашат од вистината“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски