(ВИДЕО) СДСМ: Протугер го убедува Латас дека нема да дојде до гласање за Законот за бранители

Од:

Латас бара објаснување од Мартин Протугер за Законот за бранители, а Протогер го убедува дека „се е под контрола“ и дека законот “нема да дојде до гласање“.

Протугер открива дека повлекувањето на законот од собраниска процедура и повторното поднесување по итна постапка всушност е дел од манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ. За да ја затвори можноста СДСМ да го поднесе истиот закон, по итна постапка, а тука власта ќе ја нема контролата, посочија од СДСМ на прес конференцијата во Гостивар.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Мартин Протуѓер

МП: Ало.
ДПЛ: Ало.
МП: А?
ДПЛ: Сега кажи ми што значи ова по хитна постапка што ќе иде законот бе?
МП: Тоа значи првата фаза се, се, се скока.
ДПЛ: Како?
МП: Тоа значи дека првата фаза се скока.
ДПЛ: Добро.
МП: И ја укинуваме оваа фаза да молчат по амандмани и вовдеуваме правила, да се, како на пленарка 10 минути да се збори.
ДПЛ: Добро, ама кога ќе дојде до гласање овој нема да ти го изгласа и после?
МП: Еее, нема да дојде до гласање.
ДПЛ: Како?
МП: Нема да дојде до гласање.
ДПЛ: Сигурен си?
МП: 100% Зошто…
ДПЛ: Зошто…
МП: Они за еден амандман, за еден амандман ќе се збори 140 минути.
ДПЛ: Сега?
МП: Не, не по нови правила. По ова новово што го правиме. Они максимум ќе ги користат, сигурно…ја претпоставувам сега дека максимум ќе ги користат опциите да саботираат.
ДПЛ: Добро.
МП: И ќе поднесат миљарда амандмани.
ДПЛ: Добро, а сега…ама зошто по итна постапка? Он тоа може да го прави у редовна постапка.
МП: Не, не, не. Не може во редовна зошто не може да се одглави од првата постапка. Го пуштивме во редовна два месеци, видовме како е.
ДПЛ: А не може да се одглави од Комисија мислиш?
МП: Да, не може да искочи од Комисија. А сега автоматски кога ќе се изгласа да оди по итна постапка…
ДПЛ: Аха.
МП: Тогаш се, тогаш првата фаза се скока и директно се оди на амандманска фаза. Разбираш?
ДПЛ: Добро, ама вика у смисла, тебе што ти смета ако стои у Комисија, што губиш ти?
МП: Губам затоа што сите мислат дека е договорено и дека ја има сеуште оваа опција која ЕС-ДЕ-ЕС можеше да ни ја предложи во наредната недела, можеше да рече ние го даваме истиот закон по итна постапка. Разбираш?
ДПЛ: Аха, аха да те стави на чистина.
МП: Да, да, да. Е вака ние го правиме тоа.
ДПЛ: Добро, ваљда знаеш што правиш, у пичку мајчину.
МП: Не се секирај бе сега ти.
ДПЛ: Да не се доведеме у ситуација да се закрвиме без потреба, ме разбираш.
МП: Не се секирај море, што би рекол Миле.
ДПЛ: Добро, добро. Добро ајде.
МП: Да. Само да се држиме принципиелно. Си сакаме да се изгласа, тоа е. Утре прес ќе имаме, ќе тераме и така.
ДПЛ: Добро, добро. Да не ја претераме работата.
МП: ДУИ што ќе прави е нивна работа. Ја мислам дека ќе биде океј.
ДПЛ: Како?
МП: ДУИ што ќе прави е нивна работа. Ја мислам дека ќе биде се океј и не треба да се секираш.
ДПЛ: Па е подобро да се координираш, да има некоја логика, разбираш. Оти ако иде секој по свое нема да ја постигнеме. Тоа е заебано.
МП: Не се секирај, не се секирај.
ДПЛ: Добро.
МП: Ха, ха.
ДПЛ: Ајде, ајде.
МП: Чао, чао.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски