СДСМ: Потврдена е поврзаноста на партиските испостави на Груевски во судството со медиумските курири

Од:

„Се потврди дека партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Веќе недела дена нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Ова е уште една потврда дека медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инсталации во судството.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија