СДСМ: Партиско-фамилијарните испостави на Груевски во судството се поврзани и со медиумскиот мрак

Од:

„Се потврди поврзаноста на партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството со контролата врз медиумските курири.

Две недели нема одговор на прашањето дали позицијатата директорка за регулатива и големопродажба во Телеком во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Ова е уште една потврда дека медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инсталации во судството.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата