СДСМ: Откако Мицкоски си ја зголеми платата, сега кажува приказни

Од:

„Oткако си ја покачи неговата функционерска плата, заедно со платите на министрите кои после еден месец се пожалија дека не смее да им се намали платата, сега Мицкоски кажува приказни. Нема да се зголемат платите на функционерите откако се зголемија платите на функционерите – вака звучи Мицкоски кој до пред неколку месеци ветуваше нешто друго дека како власт ДПМНЕ ќе ги намали платите на функционерите. Тоа ветување Мицкоски не го исполни“ соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Од партијата со став „додека Владата на Мицкоски не прифаќа ниту еден амандман за поголеми плати за работниците, за полицајците, за пожарникарите, одбива да ја зголеми минималната плата, во исто време ги зголемува парите за мебел и нови возила за функционерите“.

„Според Мицкоски сите треба да работат за минимум, но функционерите од власта и министрите да имаат огромни плати, да уживаат во нивните примања и да патуваат со бизнис класи на грбот на граѓаните. Ваков арогантен однос кон граѓаните досега не покажала ниту влада како оваа на Мицкоски и ДПМНЕ“ велат социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски