СДСМ: Освен сертификатот за англиски јазик на Христовски, Обвинителството треба да го истражи и стажот

Од:

Освен сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски, за којшто медиуми и во Македонија и во Бугарија покажаа дека е фалсификат, Обвинителството треба да го истражи и стажот. Документи доставени од свиркачи до СДСМ покажуваат сериозни пропусти. Според изводите од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, може да се оспори еден од клучните услови кој што е потребен а тоа е стаж од 5 години на раководна функција. Многу лесно може да се утврди дека го нема, соопштуваат од опозициската СДСМ.

„Значи Христовски свесно употребил фалсификуван документ за да ја добие оваа позиција, што претставува кривично дело. Очигледно и свесно навел само години без прецизни датуми за неговиот стаж на раководни позиции. Затоа обвинителството треба да го истражи и овој аспект. Во контекст на овој скандал со партизација на АНБ, јавноста веќе е запознаена дека две директорки се казнети за лажни сертификати од истото место – компанијата Јулија ЦО ЛТД, од каде што е и сертификатот на Христовски“ велат од СДСМ.

Потенцираат дека „Ова се сериозни законски и етички прекршувања кои бараат итна реакција од надлежните институции“.

„СДСМ повикува Министерството за внатрешни работи веднаш да покрене кривична пријава против Христовски, а Јавното обвинителство да го расчисти случајот во најкраток можен рок. СДСМ ќе продолжи да инсистира на законитост и одговорност, за да ги зачуваме професионалците и функционалноста на безбедносните структури на државата“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

Обвинителството ги отфрли пријавите против директорот на АНБ, Бојан Христовски

Горан Наумовски

Обвинителството уште чека одговор од Бугарија за сертификатот на Бојан Христовски

Антикорупционерката Ристовска не земала пари за предавањата на Универзитетот на Христовски и затоа немало конфликт на интереси тврди ДКСК

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски

Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски констатираше Антикорупциска

Катерина Ѓуровски