СДСМ: Обвинителство потврди дека видеата Заев – Груевски се незаконски снимени

Од:

Јавното обвинителство со кусото соопштение, за коешто му требаше цел ден, потврди кривично дело во случајот со објавениот видео материјал на телевизија Сител, од разговор во четири очи помеѓу Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во кабинетот на премиерот.

Дали соопштението на Јавното обвинителство кажува дека Груевски нарачал следење и прислушување на претседателот Заев, со тоа што обвинителството го спречи емитувањето на видео материјалот? Бидејки забрана за емитување видео материјали може да има само ако се тие обезбедени со посебни истражни мерки.

Јавното обвинителство треба да даде одговор дали Груевски нарачал следење и прислушување на претседателот Заев и по кој основ бил следен и прислушуван претседателот на СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз го повикува Јавното обвинителство да и објасни на јавноста по кој член и на кој закон се однесува нивното предупредување во вечерашното соопштение.

Доколку Јавното обвинителство тоа не го прецизира, тогаш само ќе се потврди дека обвинителството за своето соопштение добило насоки од еден ист центар, што ги злоупотребува институциите на системот, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците