СДСМ: Ниту една куќа не е гасифицирана во Скопје, Груевски го излудува успехот на Струмица!

Од:

Најголемата болка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се Струмица и Куманово, единствените два гасифицирани града во Македонија, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека тоа за што Гуевски не беше способен да го направи со гасификацијата, во Струмица и Куманово е веќе реалност неколку години. Граѓаните, општинските институции и фирми ги користат бенефициите од евтиниот енергенс и имаат заштеди. На гас се греат училиштата во Струмица со огромни заштеди од по 60%. Заштеди имаат и фирмите кои поради тоа се и поконкурнетни на пазарот. Сето ова го немаат другите училишта, институции и фирми во Македонија поради тендер политиките на власта на Груевски којашто ја интересираат замо провизии од незавршените делници.

За десет години додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт, ниту една куќа во главниот град не е гасифицирана.

Во Струмица над 200 домаќинства веќе користат гас и плаќаат цена како што плаќаат и граѓаните на Белград, Софија…

За успешноста на гасификацијата во Струмица доказот го крие Министерството за финансии кадешто има документи кои покажуваат дека Светска банка го поддржа проектот со 5 милиони евра, но од поранешниот министер Ставрески беше спречена реализацијата!

Со парите со коишто се изгради Триумфалната капија можеа да се гасифицираат 5 до 6 града во Македонија. 

Ова е доказ дека Никола Груевски никогаш немал вистинска намера да ја гасифицира земјата.

После 11 декември гасот ќе биде достапен во 32 града во Македонија. Вистината е дека лагите за гасификација и Никола Груевски заминуваат за 35 дена,

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните