СДСМ: Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од слободно изразената волја на граѓаните

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од одговорноста за изборниот криминал и од слободно изразената волја на граѓаните на фер избори. Хаосот којшто реално постои со избирачкиот список стана видлив по неговото јавно објавување, велат од СДСМ, истакнувајќи дека со тоа се покажа како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и го краделе правото на слободен глас на граѓаните.

„Затоа граѓаните ставаат крај на овој хаос и заедно со СДСМ се вклучија во акцијата за прочистување на избирачкиот список. Преку телефонскиот број што го отвори СДСМ граѓаните постојано пријавуваат изборни нерегуларности. Граѓаните знаат, чистењето на избирачкиот список значи чистење на криминалните шеми на Никола Груевски преку фалсификување на нивната реална и слободна волја. Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори. Оние што правеле изборни измами ќе одговараат согласно законите“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции