СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за „Вистината за Македонија“

Од:

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, се подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР во кое оттаму информираат дека министерството работи на нова кривична пријава против лидерот на опозицијата Зоран Заев за кривично дело оддавање на државна тајна.

Сашо Мијалков, од позиција на Директор на УБК, и Никола Груевски мораат да и одговроат на јавноста во Република Македонија:

Каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија?

Од објавените разговори, чија веродостојност ја потврдија Сашо Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ, се докажува дека Мијалков ја избрал банката во Будимпешта, преку која се извршени трансферите на средства. Зошто наводната донација е уплаќана на сметки на странски банки во странски држави?

Каква е таа наводна странска донација што не е пријавена во Секретаријатот за европски прашања?

Каква е таа донација во којашто се договара давање пари во кеш?

Заканите, со кривично гонење за наводно оддавање државна тајна уште еднаш ја потврдуваат целосната контрола и злоупотреба на правосудните органи од страна на фамилијата на власт.

Ниту една закана од страна на Груевски, Мијалков и нивните блиски соработници вмешани во страотни криминални и корупциски скандали нема да го спречат објавувањето на доказите и аргументите за „Вистината за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски