СДСМ: Нема одговори од ВМРО-ДПМНЕ од каде им се милионите, но има видлива паника  

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не одговори од каде има пари за имот вреден 11 милиони евра и да плаќа 630 илјади долари за ПР и лоби услуги на странски компании?
 
Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони?
 
Дали странските лоби и ПР компании на ВМРО-ДПМНЕ се платени со пари на граѓаните?
 
Колку граѓаните на Македонија, кои немаат основна здравствена заштита и дишат загаден воздух, ги чини платената средба на Груевски во САД каде што му кажаа дека треба се вратат демократските принципи во Република Македонија?
 
Меѓународната заедница точно посочува кој е виновникот за катастрофланата состојба во Македонија, за задушената слободата на медиумите, изборните нерегуларности, судството….

Оттука е паниката во ВМРО-ДПМНЕ којашто не можат да ја скријат ниту скапо платените кампании.
 
Колкав е стравот кај Никола Груевски покажуваат и нарачаните истражувања на партиската испостава на ВМРО-ДПМНЕ, така наречениот Институт „Павел Шатев“ којшто глуми дека спродува некакво јавно истражување а во суштина лаже.

Доаѓаат промени коишто носат правда и почитување на законите. Најголем страв кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ предизцикува сознанието дека секој што го прекрши законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад