СДСМ објави разговори за кои посочи дека се помеѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески, а преку кои се дознава дека градската власт на Никола Бакрачески не била заинтересирана за заштита на Студенчишкото блато.
Драстично намален појасот од блатото што треба да биде заштитен и како се игнорира нашето природно наследство за сметка на лични интереси.
Миле Јанакиески, од позиција на министер за транспорт и врски, му сугерира на Протугер да ја регулира сопственоста на земјиштето кај Рача, во близина на остатокот на Студенчишкото блато.
Мартин Протугер бара од Јанакиески, со странска компанија во Македонија, да договори купување на земјиштето во сопственост на Протугер и негови блиски роднини.
Протугер договара вцртување на имотот, промена на планови, урбанизација и можна продажба на земјиштето, иако на тоа место било планирана туристичка развојна зона и заштита на Студенчишко блато како споменик на природата.
3. Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Миле Јанакиевски
МП: Да?
МЈ: Мартин не знам Љупче што ти кажа ама ги извадов сите документи… Ало…
МП: Да, да.
МЈ: Имаш право на користење,треба да поднесеш барање до финансии и треба да направиш привид. Знајш за тоа?
МП: А што треба да напраам?
МЈ: Приватизација, тоа се вика приватизација на поранешен сопственик, без надомест се врши приватизацијата.
МП: Да, да ми кажа Љупче, ми кажа тоа.
МЈ: Добро.
МП: А може да се заврши? А Миле?
МЈ: Да. Само треба да напраиме еден елаборат за нумерички податоци. Дојди че напраиме и че поднесиме до финансии барање. Приватизација од поранешен сопственик, не се плаќа надоместок ништо само решение треба да се донеси да го спроведиме до катастар.
МП: Да. Може да се заврши, така?
МЈ: Па за една недела се завршува да.
МП: Добро Мики, добро. Ќе биде се во ред така?
МЈ: Да сега јас… денеска во Охрид се мојне, че појда со овој да пра муабет. Не е во ГУП, не е во ништо, да видеме дали можи да се урбанизира и со Липиткова да се видиме. Денеска си иди Липиткова, че ја барам Липиткова денес.
МП: Еј супер, супер. Многу, многу голема работа ќе завршиме, незнаеш, вака, незнам што да ти кажам.
4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протогер
МП: Слушај… Ти викаш како бе една градежна парцела, а ја како ќе се… како да се оттарасам од овие.
МЈ: Мартин, треба да направам една анализа. Јас ги зибележав кое е твое, кое е нивно. Да седнам еден ден на маса и че ти кажам ај.
МП: Ќе збориш?
МЈ: Да видам кое време че се вратам вечер ај.
МП: Ќе збориш ли со Лукоил?
МЈ: Ќе зборам бе Мартин ти реков. Само Кина сум од понеделник до четврток.
МП: И шо сакав да ти кажам.
МЈ: Ќе ти купам ладало.
МП: А?
МЈ: Ќе ти купам ладало од Кина.
МП: Шо ќе ми купиш?
МЈ: Ладало.
МП: Ладало?
МЈ: А.
МП: А, хахахаха. Слушај, колку може да иде таму квадрат бе?
МЈ: Леле бе хехехе ебате дено. Не знам од кај да знам, пазар да ги прашам овие. Че ти кажам прво дали се заинтересирани.
МП: Еј мислам дека ќе бидат заинтересирани. Еј кажи колку оди вакво.
МЈ: Хахаха. Два-три милиони евра.
МП: Ај кажи сега не заебавај.
МЈ: Че прам муабет, че ти кажам. Сега не знам озбилно.
МП: Отприлика бе, колку сега знаеш, по колку продавале.
МЈ: Ти кажав. Види испод сто евра не можи да биди. Оди.
МП: Па треба поише од сто.
МЈ: Не бе илјада. Хахаха.
МП: У Аеродром платиле триста евра да ти ебам. Таму двеста нека платат и готово.
МЈ: Мартин на Аеродром знајш таму колкава населба е ?
МП: Ова тутистичко место е. На сред единствена пумпа што води до плажите, единствена.
МЈ: Ајде че прајме муабет. Ај чао.
МП: Ај.
5. Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Мартин Протуѓер
МП: Ало.
МЈ: Е.
МП: Е, еј шо прајш?
МЈ: Абе бензинот почна да течи, како си запнат.
МП: А јако, јако. Абе ме знаеш, живот е во прашање, нема врска. Шо праиш?
МЈ: Одам до Долнени.
МП: Да. Ааа види зборев ја со Бакрач и зборев со родниниве и се договоривме ако не се заинтересирани на пример цело да го земат или некој само мојон дел отиде, односно тој што е до патот, до 5-6 илјади квадрати, колку е.
МЈ: Сега зборев со Аце че го исцрта точно, че ти напрам кој чекори треб да се превзема, шо треба да напрај Бакрачот.
МП: Да, а остатокот ти е околу 8-9 илјади, остатокот нека таму може ли да се ставаат, они сакаат као бунгалови некој, као може да стои тој под придружни објекти, приземје + 2.
МЈ: Мартин знајш шо е работата, шо една е постапката ако е една градежна парцела, друга е постапката ако се, ако е цел план. И таму е то заштитно блато и ние сакаме да… Огнен че прајт таму посебна туристичка зона, а оваа да си биди посебна градежна парцела. Разбираш? План само за градежна парцела. Зато е поедноставно да е една градежна парцела. А ако прајш…
МП: Една да биде а?
МЈ: А ако прајш повеќе градежни парцели тогаш е поопширна постапката. А тие шо сакаат таму да прат? Имаат визија шо сакаа да прат?
МП: Оние сакаат онака како населба, како онаа у… има ли заинтересиран некој како онаа у…Бардовци. Не у Бардовци у Ѓорче, како се вика таа?
МЈ: Малку земјиште е тоа за такво. Знајш колкаво е тоа. Шо се пет илјади метри квадратни. То се пет куќи.
МП: Десет илјади се.
МЈ: И десет се малку. Знајш колкава е таа у Бардовци, си бил? Ама езерото толку е.
МП: Добро. Ама ако сакаат тие можеме ли тоа да им го цртаме. Треба да се раздолжам од нив разбираш, да не се врзувам пошо се ненормални.
МЈ: Да видам треба да седнам и со Огнен и со Ацо, оти таму планиравме со тоа да прајме туристичка развојна зона.
МП: Каде туристичка развојна зона?
МЈ: Па кај шо е блатото. Околу блатото.
МП: Аха, аха.
МЈ: И таму…
МП: И шо значи тоа?
МЈ: Ништо не значи. Од ова треба да се види влез излез како че биди. Треба малку да седнам со Аце, неможам вака.
МП: Аха, аха.
МЈ: Треба да видам како се парцелите оти аку напред, ако испрчиш бензинска, тој од кај че влегува?
МП: Зато Бакрач пат ќе напраи бе. Од. Од патот дирекно, овакво… Тоа се зборевме со него.
МЈ: Аха Бакрач.
МП: Тоа е 50 метри, 20 метри.
МЈ: Ај да го изанализирам.