СДСМ: На кој начин провладината „Република” се стекнала со приходи од 1.1 милион евра?

Од:

„Република” и останатите медиумски курири на уредникот во заминување Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?

На кој начин провладината„Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра?

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Jавноста со денови очекува одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он