СДСМ: МТВ емитуваше програма со пораки спротивни на националните стратешки интереси

Од:

„Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија.

Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија.

МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси.

Мора да има одговорност за дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат