СДСМ: Младите сакаат работа дома, а не празни ветувања на Груевски

Од:

Десет години власта на ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса да направи нешто за младите а досегашниот учинок им е нула мерки и безброј лажни ветувања и пропаднати проекти.

Несериозно е денеска ВМРО-ДПМНЕ да ја промовира мерката за работа на студенти со скратено работно време (т.н. part time job) и да говори за студентски стандард кога студентите и сите млади луѓе масовно ја напуштаат државата незадоволни токму од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами да говори за вработување на млади, особено во нивните странски инвестиции кои или пропаѓаат за една година или никогаш не се исполнуваат, кога причина број 1 за иселувањето е невработеноста на младиот човек. Оваа мерка само говори за безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, за нивниот популизам во предизборие, намера за полнење на администрацијата со партиски послушници и лажни ветувања за приватниците.

Наспроти ваквите очајни предлог-мерки, СДСМ во договор со граѓаните и студентите подготви План за живот во Македонија во кои се предвидени низа на мерки за зголемување на студенстскиот стандард. Во Планот за живот една од мерките за студентите е работа за студентите со скратено работно време, во читалните, библиотеките во студентските домови. Студентите ќе бидат водичи на своите колеги – бруцоши и за тоа ќе бидат платени.
Студентите се уморни од лажни ветувања, сакаат вистинска, добро платена работа и финансиска независност. Сакаат да ја видат својата иднина тука, во Македонија.
Младите, студентите се нашиот врвен приоритет. Нашата заложба е да им обезбедиме достоен живот тука, во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација