СДСМ објави снимки за кои посочи дека Слободан Николовски-Цобе еден од клулните луѓе во Агенцијата СГС се коориднира со, како што самиот го нарекува, „директорот“ Мијалков, и тоа за цените што СГС треба да ги прифати во договорот со Т- мобиле.
Мијалков наложува во делот со цените да се игра „понефлексибилно“ односно СГС да не попушта во цената. Замислете, сетоа тоа во кородинација со Жарко Луковски, главен извршен директор на Т мобиле Македонија, рече на прес конференцијата во Кавадарци , Зоран Ѓорѓиев, престедател на ОО СДСМ.
Во следниот разговор Мијалков информира дека веќе зборувал со Жарко Луковски за да провери до каде може да се оди со цената, но поради временската разлика се чека одговорот.
Овој разговор ја заокружува вистината дека Сашо Мијалков целосно стои зад агенцијата СГС и дека успева да издејствува милионски бизниси за оваа компанија. Дополнително, разговорот открива дека Мијалков одлучува дури и какви возила да бидат набавени за потребите на агенцијата СГС, рече Ѓорѓиев.
Во третиот разговор од овој сет Мијалков и Николовски-Цобе договараат средба на којашто треба да го информира за трошоците на СГС. Во истиот разговор, Мијалков потврдува дека и неговите пријатели од мобилниот оператор Албафон треба да склучат договор со СГС. За да се реализира оваа зделка потребни се измени во договорот со Телеком. Мијалков вели дека ќе зборува со Жарко Луковски дали може тоа да се промени договорот со Т-мобиле за СГС да може да го склучи и овој договор, рече Ѓорѓиев.
Последниот разговор од овој сет ја заокружва вистината дека Мијалков договара и други тендери за СГС преку други министри на Груевски.
12. Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков
СН: Ало.
СМ: Е, Цобе што правиш?
СН: Ало. Директоре, само една консултација со Вас, може да зборите?
СМ: Може.
СН: Вака, пошто не се видовме а во 14 часот сме договорени со Телеком…
СМ: Да.
СН: Ме бараат за преговори, за договори за финален, така го нарекоа тие, состанок.
СМ: Добро.
СН: Е сега прво околу оној оперативниот дел од работата, како ќе ја извршуваат, тоа не е проблем, тоа ние ќе си го договориме.
СМ: Добро.
СН: Него, ако евентуално околу цените или…
СМ: Не, тука ќе играте малце по, по нефлексибилно би рекол, потврдо.
СН: Мхм.
СМ: Ама коориднирај се со нивниот директор.
СН: Со кој? Со Жаре?
СМ: Да, да.
СН: Ај јас ќе се слушнам.
СМ: Јас сега ќе му се јавам на него, да.
СН: Да, да ми се јави он да ми каже стојте на таа цена, не попуштајте. А ако треба да попуштаме, тука сакам да се договориме, како да…
СМ: Ако треба ќе се деси и тоа, но ќе си пробаш прво без да се деси тоа.
СН: Да, добро јас ќе им кажам писмено ќе ве известиме, ќе се отргнам од проблемот, а после ваљда ќе се договориме со Жаре дали треба или не треба.
СМ: Да.
СН: Тој ваљда подобро ги знае приликите,
СМ: Океј
СН: И писмено ќе им кажеме. Добро.
СМ: Океј, така.
СН: Поздрав, пријатно.
13. Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков
СМ: Ало Цобе.
СН: Ало директоре, здраво. Не ми кажавте за со Жарко, па затоа Ве барав.
СМ: Ааа, зборев со Жарко.
СН: Да?
СМ: Да, да. Зборев јас вчера со него. Рече дека ќе провери, дека мора да провери.
СН: Дека не…
СМ: Ама он е 9 саата минус.
СН: Значи немаме сега дефинитивен одговор за тоа дали да одиме. Затоа што тие постојано ме бараа и вчера и денеска. Како?
СМ: У Сан франциско е минус 9 саата, ќе треба да го почекаме да стане.
СН: Аха, е па добро, добро.
СМ: Значи минус 9 саата е. Сега е 2.30, минус 6 е 8.30, минус 3…5.30 е таму сега.
СН: Добро. Ајде кога ќе го слушнете…
СМ: За 2-3 саата ќе го барам.
СН: Важи. А за возилата ги видовте тие списоците?
СМ: Еве тука ми се на маса, ќе те барам за кратко.
СН: Јас планирав да, сега извинете планирав малце…
СМ: Да.
СН: Пошто времето ми оди, да ги земеме половни. Ладите ги гледавме 9.000 евра тие се многу. Да одиме до Германија или до Швајцарија, таму има до 3.500 може да се земат така.
СМ: Сега ќе те барам за кратко, само овдека завршавам за 5-10 минути и те барам.
СН: Важи, договорено.
СМ: Ајде.
14. Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков
СМ: Ало Цобе?
СН: Ало, директоре здраво.
СМ: Здраво, што правиш?
СН: Вака сега, сакав да Ве консултирам за една работа. Па и деновиве не знам како сте со обврски,
СН: Добро.
СМ: За деновиве да поминам за…имаме нели превзмење од Телеком ќе ни треба опреми, едно-друго, па да Ве информирам што се трошкови ќе направиме за…
СН: Е па ајде ја и ти да се видиме покасно.
СН: Кога?
СМ: А бе многу овие денови ме фати гужва да ти кажам. Нели гледаш овие што прават по судови, протестираат, праат.
СН: Па јас сакав сабајле да дојдам порано, ама сега ми се јавивте и…А сабајле да дојдам во 10.30, кога ќе дојдете прво…
СМ: Ај ќе пробам денеска ако може да те видам, ако не утре најкасно сабајле се гледаме.
СН: Утре сабајле да дојдам. И уште една работа, само ова мора веднаш да ја решиме. Со Телеком-от, нели сега нив ги обезбедуваме и…
СМ: Како?
СН: Телеком-от…
СМ: Да.
СН: Нели со нив сме договорени, од 1-ви ги превземаме и сега оваа Албафон што е новата…
СМ: Албафон?
СН: Да, и тие дојдоа, и тие бараат да ги обезбедуваме.
СМ: Да, да, знам. Тие ми се пријатели.
СН: Да. И сега има таму една клаузула во Договорот со нив дека, да го задржиме правото на ексклузивност, значи само нив да ги обезбедуваме, да не озбезбедуваме некоја фирма со слична дејност таму што е.
СМ: А, не бива таа работа.
СН: Да, и сега тука ќе мора на овие да им откажеме.
СМ: Ќе си го тргнат тоа од Договорот и готово.
СН: Е тоа сакав да Ви кажам.
СМ: Тие знаат ли кај бараат екслузива? Кај го има тоа бе?
СН: И требаше да видиме со Жарко да зборнете вие, па да видиме дали ќе може да се тргне. Иначе со Договорот сме обврзани на таа ексклузива
СМ: Чекај малце, тоа го има во кој договор? Во, во…
СН: Во Телеком.
СМ: Кај Жарко?
СН: Да, да, да.
СМ: Аха.
СН: Треба да со него да се спомне, дали тој дел од Договорот, таа ексклузива
СМ: Ја мислев тие новите тоа ти го бараат.
СН: Не, не, новите не. Тие одма договоривме, одма не прифатија и тоа, мислам со нив све сме се договориле.
СМ: Ќе зборам со Жарко за тоа.
СН: Да, за тоа зборнете. Ама ни треба хитно тоа, зошто договорот веќе треба да го вратиме и само тој момент ни остана недефиниран.
СМ: Океј, ајде. Ме бара Премиерот на другата линија, ќе те барам.
СН: Добро, договорено.
СМ: Ајде.
СН: Ало
СМ: Е Цобе, што праиш?
СН: Еве директоре, здраво, добро еве во канцеларија работиме. Вие што праите?
СМ: Што има ново?
СН: Па ништо, баш ја сакав кај 11 саат да ве побарам вас и да се видиме ако имате време.
СМ: Еве сум тука на работа ја, овај… сега дојде Џоле Поповски.
СН: Да.
СМ: Во 11:15 имам состанок еден, а во 12 сум кај Ставрески на состанок. Е сеа, кога?
СН: Кога ќе кажете, јас сум тука. Кога ќе кажете, тогаш ќе дојдам, не е проблем.
СМ: Е па, дали до 12 или после Ставрески?
СН: Можам јас и сега во моментов да дојдам, значи вие…
СМ: Ама сега доаѓа Поповски, имам со него да решавам, го решаваме буџетот ние кај Ставрески сега у 12.
СН: Мхм.
СМ: Па со него морам да видам.
СН: Да дојдам пред 12. Ќе дојдам јас 11 и пол.
СМ: Колку време ти треба?
СН: Па онака некои работи што ни се побитни да видиме, околу некои тендери, едно, друго. Со Ставрески ако се видите таму, доста со овие, има некои фирми што тој нели…сега не знам дали би прифатил тој такво нешто, ама негде помош…Јагуновце таму гледам, фабриката Југохром, тој гледам таму оди, нити има добри позиции таму, може…
СМ: Југохром се таму оние Русите?
СН: Па не, тој има некои луѓе што му се на него блиски многу и тие луѓе се на многу добри позиции таму кошто можат добро да изменаџираат за нас. Цело време го бркаме знаеш, ама пак се врти во круг, никако да тргнат. Ај кога ќе дојдам ќе поразговараме за тоа. Ја ќе бидам таму 11 и пол…
СМ: Во 11 и 15 ќе дојдат други и тие ќе се задржат 20 минути и ја више ќе треба да тргнам за кај Ставрески, знаеш. Да не доаѓаш на кнап. Ја кај Ставрески енма да бидам поише од еден саат. Поубаво е после, по на раат.
СН: е па важи. Ајде ќе дојдам во 1 или ќе ми се јавите.
СМ: Јас ќе те барам од таму кога ќе тргнам, важи?
СН: Важи, договорено.
СМ: Да не биде набрзина, на трчање.
СН: Нема проблем, нема проблем. Јас ќе чекам да ми се јавите.
СМ: Ајде.
СН: Ајде. Поздрав, пријатно.