(ВИДЕО) СДСМ: Мијалков од Тачи бара поддршка за Струмица

Од:

СДСМ објави телефонски разговори како што посочи помеѓу Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Братучедот на Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков бара од Тачи поддршка во ДИК за да издејствува прегласување во Струмица Сервилниот Тачи веднаш истото барање го испорачува до нивниот член во ДИК, Бедредин Ибраими, рекоа од СДСМ.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух?
МТ: Кажи?
СМ: Шо праиш?
МТ: Еве тука, седам со луѓе.
СМ: Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да.
СМ: Може ли да гласате за нас сега, за Струмица? Да ни се усвои приговорот?
МТ:Укомисија?
СМ: Да, у ДИК.
МТ: Може, еве да се јавам одма.
СМ: Ама сега треба тоа да се…
МТ: Одма, одма, одма.
СМ: пошто ние одложуваме малце. А?
МТ: Одма се јавувам и за минута ти кажувам.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Бедредин Ибраими

МТ: Сега Струмица ви е на ред, така?
БИ: разговораме за тоа.
МТ: Ќе гласаш за овие… да се поништат?
БИ: …. за две минути…
МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир.

Би можело да ве интересира

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром