СДСМ: Мицкоски признава дека се залага единствено за амнестија и криминал

Од:

„Тоа што Христијан Мицкоски денеска одби директно да одговори на новинарското прашање всушност самиот потврди и призна дека единствено нешто за што се залага и го бара ВМРО-ДПМНЕ е амнестија за криминалот.

Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ.

Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

На Мицкоски веќе треба да му е јасно дека амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.

Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на 30 септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок. Ќе ја реализираат патриотската заложба на многу генерации, Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Никој нема да ја закочи македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт