СДСМ: Мицкоски нема кредибилитет да говори на тема образование

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео обраќањето на Христијан Микоски.

„Христијан Мицкоски, човекот кој бил асистент кај својот татко и претставник на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која со години системски го уништуваше образование нема ама баш никаков кредибилитет да говори на оваа тема.

Од толку професори Мицкоски станал асистент токму кај неговиот татко, професор на Машинскиот факултет.

Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски како ко-автор е наведен токму неговиот татко.

Негрижа за образованието, експерименти со разно-разни програми, екстерни тестирања, понижување на наставниците и професорите, срушена автономија на универзитетите, ученици, студенти и родители под стрес, беше карактеристика токму за време на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Згора на се, за клучни прашања за иднината на државата Мицкоски молчи и нема јасен став.

Оценката на Христијан Мицкоски е недоволен 1!

Во образованието сега се вовуваат сериозни реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар