СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

Од:

„Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ. Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година“ соопштија доцна попладнево од СДСМ.

Од опозициската партија велат „евроамбасадорот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето. Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно“.

„Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува. Граѓаните го гледаат Мицкоски седнат во авион како се луксузира на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис. Тоа е личен финансиски патриотизам. Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво. Мицкоски, граѓаните имаат мозок“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски