СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

Од:

„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите“.

„Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?