СДСМ: Медиуми го прекршуваат Изборниот законик, ДИК и Ад хок телото итно да реагираат!

Од:

„Медиуми и интернет портали го прекршуваат Изборниот законик, поради што СДСМ укажува дека Државната изборна комисија и Aд хок Комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги мора итно и најостро да реагираат.

Медиумите се должни да ги почитуваат одредбите од Изборниот законик, посебно членот 69-а, во коишто се забранува изборно медиумско претставување и други јавни собири и настани надвор од периодот предвиден за изборна кампања!

Државната изборна комисија и Ад хок Комисијата при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како гаранти на предизборниот и изборниот процес не смеат да дозволат ваквите постапки да продолжат во иднина и да останат несанкционирани.

Со ваков непрофесионален однос од страна на некои медиуми и интернет портали, директно се загрозува кредибилноста на изборниот процес.

СДСМ како потписник на Пржинскиот договор и како сериозна политичка партија инсистира на доследно почитување на Изборниот законик и на условите за фер, демократски и кредибилни избори.

СДСМ за досегашните прекршувања на Изборниот законик веќе има доставено претставки до надлежните органи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот