Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, на прес конференција, обзнани снимени разговори, за кои вели дека се меѓу Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп и министерката Гордана Јанкуловска за тоа како Марјан Ристески измислува физички напади на членови на ВМРО-ДПМНЕ и како Гордана Јанкулоска прознава дека никој не е нападнат и нема пројавено такво нешто.
Во вториот разговор Ставрески вели дека Марјан Ристески е тотално нестабилен тип, а Јанкулоска дека е тежок фолирант.
Разговор помеѓу Маријан Ристески и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Да.
МР: Министерке, како сте, добри?
ГЈ: Добро сум Маријан, ти како си?
МР: Добро еве, јас само да Ви пријавам инцидент имало во Прилеп.
ГЈ: Добро.
МР: Овие од ЕС-ДЕ-ЕС штајкувале и луѓе наши некои, врвеле со кола во болница. Стариот со бајпаси на срцево, детево го возело, ги извадиле, ги изначукале здраво, му влегле во штабот…
ГЈ: Нашиве се натепани?
МР: Нашиве, да. Тие штрајкуваа на разни локации, и во близина имаме штаб ние, му влегле внатре, полицијава си дремела. Овие му карале, му фрлале, ќе ве запалиме сосе штсбот, мајмуни едни, исплашени децава. Запрепастени од полицијава, си стоела на страна и ништо не реагирала.
ГЈ: Добро, полицијата не смее да реагира во таков случај, ама ако го пријавиле инцидентот ќе видиме.
МР: Пријавен е инцидентот, и тие апашите што мавале точно ги знаат. Му велам: зошто не ги приведовте? Вика – ќе сносам прекршочна пријава.
ГЈ: Дисциплинска одговорност.
МР: Дисциплинска одговорност…
ГЈ: Е па Маријан, тоа е. Полиција нема овластувања како што имаше порано. Сега…
МР:Ама…
ГЈ: Може да гледаат и да ти напишат пријава.
МР: Ова не го очекував.
ГЈ: Но, незавнисно тоа си е законот. Ние ќе си пуштиме пријави сега.
МР: Да, ама министерке едниот е познат криминалец, значи…
ГЈ: Штом ги знаат полесно ќе оди.
МР: Едниот Лоло го викаат, другиот, како го викаа..Али Баба го викаа некако…
ГЈ: А бе они во Прилеп се знаат сите, мислам, ја може да не го знам, ама во Прилеп се знаат.
Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска
ЗС: Пред три дена Маријан…не бе општо е дисциплината опуштена, не е само тоа. Има и тоа влијание, ама и целата работа е за никаде. Маријан Ристески го викам за програмата, 20 минути касни на состанок.
ГЈ: Да бе да.
ЗС: Кога сум го запукал. Пичка му матер викам, на што личи ова бе ти?
ГЈ: Тој Маријан да ти кажам е тежок фолирант станат. Некни ми се јавува и ми вик, претепале наши, не знам у болница се, всакви-такви. Се испостави после тоа, јас проверувам, нашите се карале со овие што протеситраа и не ги претепале. Никог не ги ни пипнал. Само се…вербално си довикувале…и биле пијани. Мислам пази..
ЗС: Не, не. Тој е тотално нестабилен тип. И нема да мрднам за него за избори.
ГЈ: Викам, добро ти ги виде луѓево? Не, вика вака од кажување. Викам – дај не ме мести вака, од кажување. И така…мислам ептен, многу се нервирам со целава ситуација.