СДСМ: Македонски шуми не плаќа даноци, но купува палми за Груевски

Од:

„УЈП призна дека Ј.П. Македонски Шуми и должи на државата 3.5 милиони евра за неплатени даноци.

Ј.П. Македонски Шуми нема пари за даноци, но затоа ги задоволува егзотичните идеи на Никола Груевски.

Македонски шуми набави 1.100 палми тешки над половина милион евра, односно 522.347 евра!

Бидејки условите во Македонија не се за палми, палмите едвај преживуваат, не се развиваат, зимава се под кеси за заштита од студот, а летото за нив мораше да се купат и тушеви за разладување.

Едвај преживуваат и над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија, кои ја немаат среќата на Македонски шуми да бидат амнестирани од Груевски и Ставрески.

Едвај преживува и секоја трета фирма со блокирана сметка од Груевски и Ставрески.

За смрзнатите граѓани и изгорените фирмите не помагаат ни кеси, ни тушеви.

Но, власта на Никола Груевски не ја интересираат граѓаните и фирмите, туку само тендерите и нивните бизниси.

Случајот со Македонски шуми е пример зошто власта им дозволува на јавните претпријатија да не плаќаат данок.

Затоа што Груевски и неговите соработници им ги прават долговите на јавните претпријатија, што ги плаќаат повторно сиромашните граѓани и фирми.

Огромен долг, освен Македонски шуми има и Ј.П.Македонија пат.

Само овие две претпријатија им должат на државата и граѓаните над 10.000.000 евра!

Дури и Македонската телевизија не платила данок од околу 2.000.000 евра, иако Ставрески и Груевски насилно одземаат пари од трансакциските сметки на граѓаните и фирмите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он