СДСМ: Латас го информира Иванов дека се е под контрола со Законот за бранители

Од:

СДСМ објави снимка за која кажа дека главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ Латас го информира Горан Иванов дека се е под контрола во однос на Законот за бранители, откако за тоа го убедил Мартин Протугер и дека нема да се донесе во Собрание.

Латас според СДСМ, дополнително кажува дека ќе се распраша по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да видел какви инструкции добиле.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: Завршив.
ГИ: Што вика?
ДПЛ: Под контрола, под контрола било тоа. Така се…така одлучиле, зошто ваму ЕС-ДЕ-ЕС можел да им предложи пошто не можел да помине законот, они да дадат исти таков закон по итна постапка.
ГИ: А, и?
ДПЛ: Па вака било боље пошто они ќе дале многу амандмани и тоа немало да помине.
ГИ: Аха.
ДПЛ: Ја му викам под контрола ли е? „Не се секирај“. Што да ти кажам.
ГИ: Што му викаш?
ДПЛ: Дали е под контрола, да не се деси проблем? Мораш да се договараш ако сакаш да се работи заедно, дури и да не се сакаш мораш да работиш и да збориш.
ГИ: Ааа, и?
ДПЛ: „Под контрола е, под контрола е.“ Добро му викам.
ГИ: Тебе како ти личи?
ДПЛ: Па ми личи дека знааат што прават, ама пак ме јаде некоја јанѕа онака. Како да ти кажам, беспотребно кога, кога се тера.
ГИ: А бе, кога—-
ДПЛ: Ха, ха.
ГИ: А нели му викаш дека умре целава работа?
ДПЛ: Не, не дојдов до таму. Пошто бевме за тоа кој е планот и…а бе ја треба да знам бе Горан нешто, пичка му матер, сфаќаш? Од тоа идам. Тоа не може без ништо да е, знам —-има. Тоа се кажуе, зошто јас сум изненаден што сум го видел, не сум ни го знаел ова. Така да ќе видиме.
ГИ: Ех…
ДПЛ: А ти кај го прочита тоа? Јас не сум го ни видел тоа.
ГИ: Сите го даваат.
ДПЛ: Не, не сум го ни видел уопште, ни по интернет.
ГИ: Сите, на time ова е прво.
ДПЛ: Аха. Ај ќе видиме што ќе биде, јебига. Ваљда знаат што прават. Тоа делуваше за ЕС-ДЕ-ЕС да не…сума сумарум, вака ќе се влечело, ЕС-ДЕ-ЕС ќе го влечеле намерно и онда они ќе предложеле: луѓе ова не иде вака, дајте по итна постапка да се донесе.
ГИ: Мхм.
ДПЛ: Као, така немало да биде под контрола. Е така директоре, тоа е.
ГИ: Пичку мајчину.
ДПЛ: Па ќе видиме.
ГИ: Значи не си до крај убеден дека е договорено?
ДПЛ: Па вака ми личи, разбираш, сега искрено да ти кажам. Значи вака не мислам дека ќе се деси некој проблем, ама не гледам зошто би се правеле циркузи од истата логика што ти го збориш, се завршило-се завршило. Ама, ваљда има логика па и тоа ЕС-ДЕ-ЕС да не го предложи по итна постапка и да ја земат они иницијативата околку сето ова. Значи ЕС-ДЕ-ЕС да го предложи, ДУИ може да даде 100 амандмани, ако гледаш така.
ГИ: Да.
ДПЛ: Што го спречува?
ГИ: Да де.
ДПЛ: Ама ваљда вака се држи иницијативата под контрола претпоставувам.
ГИ: Ах, пичку мајчину.
ДПЛ: Ха, ха. Да не бидеш раат тоа се вика.
ГИ: Леле, леле.
ДПЛ: А кога тоа ќе се решава? Оваа недела?
ГИ: Кое?
ДПЛ: Да се мењава статусот.
ГИ: Па сигурно одма.
ДПЛ: Е па ќе почекаме да го видиме, да видиме.
ГИ: Сега пак ќе се дигне горе по телевизии, по ова, по она, у п…у. А беше издишано, ова со Бранко што поднесе, го издишаа.
ДПЛ: Да, многу вакво помина, без, без никаков ефект.
ГИ: Добро шефе.
ДПЛ: Не се секирај, ако има нешто ќе ти кажам. Ќе се распрашам и лево-десно по пратенициве нивни.
ГИ: Мхм.
ДПЛ: Ќе ти кажам.
ГИ: Можеш Сашо да го прашаш.
ДПЛ: Првин да ги прашаме пратенициве што треба да го одработат, да видиме што им е кажано. Да видиме како им е кажано, да разберам.
ГИ: Ајде.
ДПЛ: Ќе прашам. Ајде ќе се видиме.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски